Седницата на Уставен затворена, новинарите бараат објаснување
Десетина новинари од различни редакции утрово пред Уставниот суд се спречени од обезбедувањето да влезат и да ја следат седницата.
Новинарите бараат од судот писмено објаснување зошто седницата е затворена за јавноста.
Седницата започна во 9 часот. Уставниот суд вчера на веб страницата објави дека седницата ќе биде затворена за јавноста. Нема образложение кој одлучил во Уставниот суд на седницата да се забрани присуството на новинарите.
Во членот 85 е предвиден исклучок за тајност на седница, но за тоа треба да одлучи Судот, односно сите судии, но по претходно образложена одлука што ќе и биде соопштена на јавноста.
На седницата ќе се разгледува точката за укинување на Законот за помилување, и доколку со просто мнозисвто судот го изгласа тоа, претседателот на државата ќе добие ингеренции и ќе може да помилува лица осудени за изборен криминал, наркодилери, педофили и слично.
Слично
