Економија, финансии, бизнис

Контакт

Седница на советот за безбедност без албанските лидери – каде беа Ахмети и Тачи

Седница на советот за безбедност без албанските лидери – каде беа Ахмети и Тачи
Претседателот Ѓорѓи Иванов, синоќа порача дека нема да дозволи дестабилизација на Македонија, побара од лидерите на политичките партии одговорно однесување, а од меѓународниот фактор да и помогне на Македонија со конкретни чекори. На седницата на Советот за безбедност беа поканети и лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. Заев отиде кај Иванов иако во јавноста постоеа многу дилеми дали треба да се појави. Ахмети и Тачи не отидоа, но испратија свои партиски претставници. Од Заев државниот врв не побарал ништо како акција Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на седницата на советот за безбедностна државниот врв им ги поставил прашањата кои претходно ги најави. Ќе барам објаснување кој, зошто и со каква цел ја дестабилизира Македонија, дали воопшто кризата во Куманово е завршена и дали е точно дека и во некои други региони има инфилтрирано вооружени групи? Дали безбедносните служби знаеле од порано за оваа вооружена група и од кога?“, изјави Заев. Според информациите лидерот на СДСМ, Зоран Заев не добил никакви дополнителни информации и оти му било одговорено со податоци кои веќе се соопштени во јавноста. Заев синоќа потенцираше дека на состанокот не било побарано ништо од опозицијата како акција или чекори кои треба да ги превземе или кои да не ги превзема. Кој беше вчера кај Иванов - странски служби или лидер на опозицијата Поканата до лидерот на СДСМ, Зоран Заев да присуствува на седницата на советот за безбедност наиде на серија коментари во јавноста. Имено, Заев е еден од обвинетите за тешко кривично дело насилство кон државниот врв, а кој синоќа беше на иста маса со државниот врв. Аналитичарите сметаат дека со оваа покана до Заев, власта де факто ги суспендирала сите обвинувања изнесени досега на негова адреса. Заев: Моето присуство на седницата на советот за безбедност не значи дека даваме легитимитет на се што досега правеа државниците Пред да замине на состанокот кај Иванов,  Заев за медиумите образложи зошто ја прифатил поканата. „Одлучив да присуствувам на денешната седница на Советот за безбедност, но моето присуство не значи дека јас и опозицијата даваме легитимитет за сето она што државните институции го правеа изминатите неколку години а особено последниве неколку месеци. Нашите ставови за капацитетот и легитимитетот на оваа власт се познати, од нив не отстапуваме. Но денеска имаме друг приоритет, да се спречи процесот кој очигледно води кон дестабилизација на државата и загрозување на безбедноста на граѓаните. Моето присуство на седницата на Советот за безбедност е исклучиво поради загриженоста за безбедносната состојба во државата“, изјави Заев. Тој сепак е со став дека со фактот што бил повикан да учествува на Советот за безбедност и потпишал безбедносен сертификат со кој членовите можат да слушнат државни тајни и се обврзуваат тие да не ги откривааат понатаму, покажува дека тој без основа е обвинуван во случајот ,,Пуч,, дека сакал да изврши државен удар. Јавноста не дозна за заклучоците на Советот за безбедност - ДУИ и ДПА се оградија од заклучоците Нема информации какви заклучоци донел Советот за безбедност. Претседателот Иванов изјави дека со заклучоците јавноста ќе биде дополнително запознаена, а сите државни институции добиле насоки како да дејствуваат понатаму. Иванов, потенцираше дека тој лично веќе бил запознат со информациите дека терористичка група подготвува напади во Македонија. Шефот на државата со забелешка и до меѓународниот фактор. „За оваа група во почетокот на 2015 година писмено информиравме 17 партнерски служби на земјите од Европската унија и НАТО, како и земјите во регионот. Можам да констатирам дека размената на информации, со цел да се изврши превенција на намерите на групата не даде резултат“, изјави Иванов. На Република Македонија, додаде тој овие два дена и се случува она на што предупредував уште пред неколку месеци, во моето обраќање на Советот за безбедност во Обединетите нации. Сторителите и сите инволвирани во овој терористички чин скапо ќе платат за тоа што се обидоа да и го сторат на Република Македонија и нејзините граѓани. Сакам јасно да ставам на знаење - нема да дозволиме ескалирање на тензиите, додаде Иванов. Инаку, албанските политички субјекти и ДУИ и ДПА се оградуваат од заклучоците кои ќе произлезат од вечерашните разговори, затоа што тие не биле членови на советот и не можеле да влијаат на крајниот документ. Р.Ф
Слично

Поврзани вести