Економија, финансии, бизнис

Контакт

Седниците на Уставен суд преку ноќ станаа затворени

Седниците на Уставен суд преку ноќ станаа затворени

На новинарите денеска за првпат не им беше дозволено да ја снимаат седницата на Уставниот суд. Судот дозволи новинарите да присуствуваат на седницата, но не и да ги снимаат излагањата на судиите.

Претседателката на Судот Елена Гошева не сакаше да објасни дали станува збор за индивидуална или колективна одлука и зошто на медиумите не им е дозволено да прикажат што се дискутира во Уставниот суд.

Според неа, ова не претставува ограничување на правото на јавно информирање, туку има за цел да не се попречува работата на судиите.

Во правилата за работа на Уставниот суд јасно е наведено дека на седниците на оваа институција можат да присуствуваат претставници на средствата за јавно информирање при што можат да ги користат сите соодветни средства за следење на седницата и за аудио и визуелно снимање.

Слично

Поврзани вести