Седница на отворено: Град Скопје ќе се откаже од дел од најголемите приходи
На денешната седница на отворено пред Советот на Град Скопје, градоначалникот Петре Шилегов пред советниците рече дека управата за време на вонредна состојба во државава поради пандемијата со коронавирусот ќе мора да се помири дека ќе се намали голем дел од финансирањето, преку најважните приходи.
Шилегов рече дека Град Скопје со своето домаќинско работење има буџетот на стабилни нозе и може да ги исполни своите цели, па така во интерес на полесно надминување на економските последици од пандемијата со коронавирусот ќе се откаже од дел од средствата од најголемите приходни ставки како: комуналиите, коминалните такси, закупот на јавен простор и други давачки.
На вонредната седница се расправаше за економските мерки што ги презема Градот, кој е најголема движечка сила во македонската економија, за ублажување на економските последици од настанатава состојба.

Според усвоениот Извештајот за извршување на Буџетот за 2019 година, минатата година остварени се вкупни приходи и други приливи во износ од 5,7 милијарди денари, што претставува остварување од 87,2 отсто во однос на планот.

