СЕДИ ДОМА, ЗЕМАЈ ПЛАТА: Администрација на македонски начин!
Над 1.600 лица земаат плата од државата, а не одат на работа, односно немаат никаков работен ангажман. Ова го обелодени државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахиу. Станува збор за лица работени според рамковниот договор.
Речиси сите експерти се согласуваат дека не само овие, туку голем број други вработувања, се вработувања според партиска припадност.
-Денес поголем предизвик е политизацијата, односно вработувањата според политичката припадност, отколку самото вработување на етничките заедници кои не се мнозинство, вели Малинка Ристевска Јорданова, директорка на Институтот за европска политика.
ДОСИЕ АДМИНИСТРАЦИЈА Прибежиште за партиската армија невработени!
Издашноста на буџетот за исплата на плати за администрација во последниве неколку години постојано расте. Аналитичарите укажуваат дека голем од процент од буџетот оди за исплата на плати на државните и јавните службеници, пари кои се неповратни. Во 2011 година од буџетот за оваа ставка биле одвоени над 365 милиони евра, следната 2012 -та близу 380 милиони евра, лани за плати во администрацијата 362.161.560 евра, но лани сумата за исплата на плати повторно е зголемена и изнесува 372.762.373 евра. Оваа година за исплата на плати за адмнистрација се планирани близу 400 милиони евра, што споредено со годинава е за 25 милиони евра повеќе. Вкупно за пет години за оваа буџетска ставка ќе се одвојат близу 1,9 милјарди евра.
Според официјалните податоците на Министерство за информатичко општество и администрација бројот на вработени во јавниот сектор изнесува 128.253 лица во вкупно 1.354 институции. Но во овие податоци не се вбројани и луѓето кои работат во јавните претпријатија, агенциите, општините, што значи дека бројот изнесува многу повеќе од она што ресорното министерството и го соопштува на јавноста. Пребукираноста и партизацијата на јавниот сектор експлодира во последнава декада, откако бројот на вработените се удвои. Реализацијата на закон за службеници ја отвори вратата за новата партократија во државната служба.
Р.Ф.
Слично
