„Сечата“ во Турција продолжува: 42 новинари пред апсење
Турските власти издадоа налози за апсење на 42новинари, јавуваат турски локални медиуми.
Ројтерс пак наведува дека ова е последен случај на пресметка после неуспешниот воен пуч.
Според информациите на тие медиуми, позната коментаторка и ек пратеничка на турскиот парламент Назли Илиџак се наоаѓа на листата за кои е издаден налог за апсење.
Ројтерс потсетува дека турските власти суспендирале, уапсиле и ставиле под истрага повеќе од 60 000 војници, полицајци, судии, членови на наставен персонал, државни службеници и други во деновите после пропаднатиот воен удар од 15 јули.
Од обидот за државен удар, Турција укина и затвори многу институции и уапси и отпушти поединци за кои се сомнева дека имаат врска со неуспешниот пуч.
После неуспешниот обид за државен удар уапсени се вкупно 13 000 лица, изјави во неделата турскиот премиер, истакнувајќи дека покрај големиот број на успасени апсењата продолжуваат.
