Економија, финансии, бизнис

Контакт

Seavus Group: Ќе работат од дома поради опасност од ширење на Ковид 19

Seavus Group: Ќе работат од дома поради опасност од ширење на Ковид 19

Ние ја сфаќаме сериозно нашата одговорност да дадеме се од себе, да спречиме ширење на коронавирусот и да го заштитиме нашиот народ и последователно нивните семејства, велат од Seavus Group. 

Додаваат дека здравјето и безбедноста на сите се нивна најважна грижа.

„Нашата препорака за далечинска работа е дел од нашиот план за одговор и произлегува како превентивна мерка“, додаваат оттаму. 

Групацијата континуирано го следи појавувањето на коронавирусот во светот (КОВИД-19) и заради неговото ширење, препорачуваат да работат од дома и ова се однесува за сите нивни вработени на глобално ниво. Оваа превентивна мерка е ефективна почнувајќи од понеделник, 16 март и ќе трае до 22 март 2020 година, по што ќе има известување. Врз основа на условите, мерката може да трае во некои канцеларии подолго, а во некои канцеларии пократки.

Слично

Поврзани вести