Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Сеат“ стана бренд на „Порше Македонија“

„Сеат“ стана бренд на „Порше Македонија“
Компанијата „Порше Македонија“ од вчера стана ексклузивен дистрибутер и на автомобилскиот бренд „Сеат“, објави менаџерскиот тим. „Во „Порше Македонија“ гледаме стабилен партнер во битката за освојување на пазарот. Очекуваме годинава да постигнеме пазарен удел од 5 отсто. Брендот „Сеат“ е силен израз на шпанската страст и германскиот перфекционизам и врвна технологија“, изјави претставникот на „Сеат“, Давид Албос. Според генералниот директор на „Порше Македонија“ Златко Муцунски , „Сеат“ на македонскиот пазар ќе понуди нови модели кои ќе ги исполнат сите барања на македонските купувачи, но нема да ги нуди брендовите преку попусти. „Продаваме автомобили, а не попусти. Ќе понудиме фер цена за квалитетот на возилата што ќе ги нудиме. Мотото на нашата групација е дека сакаме поврзување со купувачите, а не да правиме брз профит“, рече Муцунски. Претходно автомобилите на „Сеат“ во земјава ги подараваше компанијата „Ка-Дис“. „Порше Македонија“, пак, е ексклузивен дистрибутер и на брендовите „Фолксваген“, „Ауди“, „Шкода“ и „Порше“ и држи удел од околу 35% во вкупната продажба на автомобили на македонскиот пазар.
Слично

Поврзани вести