Сеалбански протест утре на улиците на Скопје
Неколку десетина албански политички партии и здруженија, без двете најмоќни партии, ќе протестираат утре во Скопје барајќи оставка од владата и нов договор за иднината на Македонија.
Вкупно 44 политички партии, здруженија и невладини организации најавија учество во протестот насочен против владата на премиерот Никола Груевски и неговиот коалиционен партнер лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Организаторите, потенцирајќи дека собирот е исклучиво албански, одговориле дека во политичката криза која со месеци ја тресе земјава, единствено не се слуша гласот на Албанците.
Поддршка на протестот му пружија и неколку здруженија на Албанци од Косово и западна Европа.
Најавено е дека протестот ќе биде целосно обезбеден, како и дека ќе бидат спречени евентуални провокации, кои би можеле да предизвикаат насилство.
Слично
