Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се знае идентитетот на повредениот, но не и мотивите за масовната тепачка

Се знае идентитетот на повредениот, но не и мотивите за масовната тепачка
Полицијата соопшри дека 26-годишниот С.К. од Скопје е повредениот од вчерашната масовна тепачка во центарот на Скопје. Добил убод со нож во десната потколеница и бил пренесен во Градската општа болница „Наум Охридски“, каде што се наоѓа надвор од животна опасност. Три лица се приведени во вечрашниот инцидент, кој започнал во Старата скопска чаршија. Повеќемина граѓани учествувале во тепачката која продолжила и по Камениот мост и на булеварот ВМРО. Но, засега мотивот за масовната тепачка и натаму не е познат. Полицијата истражува и работи на откривање и на идентитетот на останатите учесници во тепачката и на целосно расветлување на инцидентот.
Слично

Поврзани вести