Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се зголемуваат казните за работодавачите што нема да исплаќаат минимална плата

Се зголемуваат казните за работодавачите што нема да исплаќаат минимална плата
Од 6.000 до 7.000 евра казна ќе мора да плати работодавачот, а дополнително меѓу 3.000 и 4.000 евра одговорното лице доколку фирмата исплаќа пониска плата од минималната на своите вработени. Ова го предвидуваат измените во Законот за минимална плата, што веќе се доставени во Собранието. Дополнително, доколку работодавачот не исплатат минимална плата во рок од седум дена што им го дава инспекторот, ќе мора да платат казна од 8.000 и 9.000 евра. Ако работодавачот во период од една година го повтори прекршокот ќе биде казнет со 9.000 односно 10.000 евра, а државниот инспекторат за труд ќе донесе и решение за забрана на работата на фирмата во траење од 15 дена. Во овој период, работодавачот ќе биде обврзан да исплаќа минимална плата и социјални придонеси за вработените, предвидуваат законските измени што треба да поминат во Собрание.  
Слично

Поврзани вести