СЕ ЗГОЛЕМУВА УВОЗОТ НА СТРУЈА, изминатото деноноќие набавени 4.580 мегаватчаса
Како што соопшти Владата, во текот на изминатото деноноќие произведена е 8.529 мегаватчаса (MWh) електрична енергија.
- АД ЕСМ на 21.11.2022 година произведe 8.529 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните произведени се 7.320 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 1.209 MWh - пишува во соопштението.
Исто така е посочено дека во изминатото деноноќие ЕСМ набави 4.580 мегаватчаса електрична енергија, со што е забележан раст на увозната енергија.
Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 21.11.2022 година
Фактор веќе објави дека Државната компанија за производство на струја (од вчера до недела 27 ноември) ќе плати 8 милиони евра за да купи струја!
Слично
