Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се зголемува притисокот врз Македонија да ги прифати санкциите за Русија

Се зголемува притисокот врз Македонија да ги прифати санкциите за Русија
Западни дипломати вршат притисок за Македонија и Србија, како земји-кандидатки за членство во ЕУ, да ја следат заедничката европска политика во однос на санкциите кон Русија. Од македонското МНР, потврдуваат дека вакви очекувања има и додаваат дека земјава се труди да се усогласи со европските позиции во доменот на надворешната политика, иако засега не ги следи санкциите воведени кон Москва. Од земјите што не се членки на ЕУ од регионот засега кон санкциите се приклучија Црна Гора и Албанија. Маја Коцијанчич, портпаролката на високата европска претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, нагласи дека ЕУ, по правило, секогаш ги повикува земјите да се усогласат со ставовите на Брисел, особено ако станува збор за санкции.
„Тоа особено важи за земјите-кандидатки и потенцијални кандидатки кои преку Спогодбата за асоцијација се обврзале да ја зголемат усогласеноста со надворешно-политичките прашања на ЕУ. И нивниот напредок кон ЕУ, исто така, се оценува во овој контекст. Но, конечната одлука за усогласување на политиките и натаму останува на самите тие трети земји“, изјави Коцијанчич.
Иако уште не вовела санкции за Москва, Македонија вчера гласаше исто како ЕУ на седницата на Генералното собрание на ОН за Резолуцијата со која се бара почитување на територијалниот интегритет на Украина. За разлика од неа, Србија и Босна и Херцеговина не гласаа.
Слично

Поврзани вести