Се зголемува бројот на вработени во индустријата
Бројот на вработени во индустријата во октомври годинава се зголемил за 9,5% во однос на истиот месец лани, покажаа податоците на Државниот завод за статистика.
По сектори, намалување има во секторот Рударство и вадење на камен и тоа за 4%, додека во секторот Преработувачка индустрија бројот на работници бележи пораст од 11.6%. Во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е регистрирано опаѓање од 1.6%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.8%, Капитални производи за 114.1%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6.0% и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.0%.
Слично
