Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се зголемила просечната плата во земјава

Се зголемила просечната плата во земјава

Се зголемила просечната плата, покажуваат статистиките. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2021 година била 28.721 денар, објави Државниот завод за статистика. 

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (29,0 отсто), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (28,7 отсто) и други услужни дејности (14,4 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7,0 отсто), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5,5 отсто) и снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (5,3 отсто). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2021 година изнесува 42.917 денари, а индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, изнесува 108.9.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2021 година, изнесуваше 42.441 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година изнесуваше 28.217 денари. 

Слично

Поврзани вести