СЕ ЗГОЛЕМИЛА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ХРВАТСКА: Во кои три сектори има највисоки плати?
Средната плата во Хрватска, која пореално покажува колку луѓето всушност заработуваат, е 1.410 евра, што значи дека поголемиот дел од вработените имаат пониска плата од просекот.
Според најновите податоци од порталите MojaPlaća и MojPosao, просечната нето плата во Хрватска во вториот квартал од 2025 година изнесувала 1.526 евра.
Тоа е 4 отсто повеќе отколку во претходниот квартал, односно 17 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Средната плата се зголемила за 4 отсто во истиот период, а за 18 отсто во споредба со првиот квартал од минатата година, објавува Poslovni.hr.
Во ИТ секторот, телекомуникациите и информатичката технологија - просечната плата во овие сектори е за 21 отсто над националниот просек.
foto freepik.com
