СЕ ЗГОЛЕМИЈА ПЛАТИТЕ ВО ЦРНА ГОРА: Но, куповната моќ се намалила
Просечната плата во Црна Гора надмина 1.000 евра.
Просечната нето плата во оваа балканска држава се зголеми на 1.014 евра во мај 2025 година, но реалната куповна моќ на граѓаните малку се намали поради зголемувањето на цените, покажуваат податоците на МОНСТАТ.
Во споредба со април, ова претставува раст од 0,5 проценти, а на годишно ниво е забележано значително зголемување од дури 21,9 проценти.
Потрошувачките цени се зголемија за 0,6 проценти во мај, што значи дека куповната моќ на граѓаните во овој месец се намали за 0,1 процент.
Бруто заработката во мај изнесуваше 1.208 евра.
Највисоки нето приходи се забележани во секторот за финансии и осигурување (1.606 евра), снабдување со електрична енергија (1.423 евра) и информации и комуникации (1.302 евра).
Во април годинава Црногорците имале просечна плата од 1.010 евра.
foto freepik.com
