Се зголеми вредноста на доларот во однос на две валути
На глобалните пазари, вредност на доларот минатата недела се зголеми во однос на кошничката валути, најмногу во однос на јенот, бидејќи се очекува владата на Јапонија да води многу стимулирачка фискална политика. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, минатата недела порасна за 0,4 проценти, на 98,93 поени. Во исто време, доларот зајакна за 0,3 проценти во однос на европската валута, што доведе до намалување на вредноста на еврото на 1,1625 долари.
Американската валута зајакна и во однос на јапонската, за 1,5 проценти, па цената на доларот скокна на 152,85 јени.
foto freepik.com
Слично
