Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се зголеми платата на сите полицајци за 2.500 денари

Се зголеми платата на сите полицајци за 2.500 денари


Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР.
Од таму соопштија дека секој полициски службеник ќе добие зголемување во бруто износ од 2.470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026.

„Во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР.

Министерството за внатрешни работи продолжува да ги подобрува условите за работа и стандардот на македонската полиција, а со тоа и целокупната безбедноста на државата и граѓаните“, објави министерството.


Слично

Поврзани вести