Се зголеми невработеноста во Германија - какви се очекувањата за 2026 година?
Германија е со највисока невработеност во последните 12 години.
Лани земјата забележа најголем број на невработени во последните 12 години, а 2026 година се очекува да биде предизвикувачка за најголемата економија во Европа, соопшти Германската служба за вработување.
Според податоците на службата, просечниот број на невработени во 2025 година се зголемил за 161.000, достигнувајќи вкупно 2,948 милиони, што е највисок годишен број од 2013 година.
Раководителката на службата за вработување, Андреа Налес, истакнува дека иако најниската точка на невработеноста веројатно е достигната, благо олеснување на пазарот на труд не се очекува пред средината на годината.
Германија ја заврши 2025 година со околу 2,9 милиони лица без работа, што е блиску до границата од три милиони – ниво кое за прв пат во последните десет години беше надминато во август минатата година.
foto freepik.com
