Се затвори фабриката на Дивац- Вода Вода престанува да тече
Фабриката "LaRoucci Voda" од Мионице, која е во сопственост на славниот српски кошаркар Владе Дивац, и ја произведува водата VODA VODA, од понеделникот повеќе не работи.
По наредба на директорот на фабриката, Самир Цамовиќ, во понеделникот сите работници се пуштени на колективен одмор на неодредено време.
-Работниците чувствуваат дека веќе нема да се вратат на работа. Сите мислиме дека ова е крај за фабриката и дека ќе останеме без работа и без заработените неисплатени плати. Има луѓе кои имаат по три или четири деца, а со месеци немаат земено ниту динар. Сега не пуштија на колективен одмор и се плашиме дека тоа ќе биде крај, вели Дејан Јанковиќ кој во LaRoucci Voda е од 2004 година.
Слично
