Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЗАТВОРААТ ГРАНИЦИ, КАФУЛИЊА, РЕСТОРАНИ: Албанија прогласи вонредна состојба

СЕ ЗАТВОРААТ ГРАНИЦИ, КАФУЛИЊА, РЕСТОРАНИ: Албанија прогласи вонредна состојба

Албанија прогласи вонредна состојба. 

Се забрануваат сите јавни собири, поголеми овластувања им се даваат на државните органи, вклучувајќи и влегување во приватен имот за тестирање на коронавирусот, а граѓаните мора да пријават симптоми на заболувањето.

Училиштата, кафулињата, рестораните, салите за вежбање и продавнците се затворени, освен тие со неопходните производи. 

На граѓаните им е дозволено да излезат само за купување храна и лекови. 

Мал број работници смеат да работат по 8 часа дневно. 

Сите гранични премини се затворени, освен летот за Турција, кој сѐ уште функционира.

Во Албанија досега има 146 случаи на заразени со Ковид-19 и пет смртни случаи.

Премиерот Еди Рама попладнево прошета низ улиците на Тирана и виде дека пензионерите не ги почитуваат мерките, туку се шетаат. 

Во регионот, претходно Србија, Косово, Бугарија, БиХ, Македонија прогласија вонредна состојба. 

Слично

Поврзани вести