СЕ ЗАПИРА ПРОИЗВОДСТВОТО НА КЛУЧНО ПОЛЕ СО ГАС: „Не сакам да бидам одговорен за земјотресите“
Холандската влада планира да го прекине производството на
гасното поле Гронинген во текот на годинава, изјави за Financial Times
државниот секретар за рударска индустрија, Hанс Вијлбриф.
Тука веќе се произведува само дел од целосниот капацитет и е „многу опасно“ да се продолжи со работите рече тој.
„Нема повеќе да го отвораме поради безбедносни прашања... Нема да го правам тоа, бидејќи тоа значи дека ги зголемувате шансите за земјотреси, за што не сакам да бидам одговорен. Секој што има некакво знаење за опасноста од земјотреси ми кажува дека е навистина многу опасно да се продолжи со производство на гас во Гронинген. Сосема сум убеден дека е паметно да се затвори - вели Вијлбриф.
Истакна дека затворањето на локацијата се планира до 1 октомври, но тоа ќе зависи од тоа дали ЕУ ќе има доволно гас по зимата.
Доколку е потребно, теренот би можел да продолжи да работи до октомври 2024 година. Наводно, има резерви на гас во вредност од околу трилиони долари во Гронинген кој беше отворен во 1963 година и произведе повеќе од 50 милијарди кубни метри гас пред една деценија.
Меѓутоа, бидејќи процесот на екстракција доведе до земјотреси кои ги загрозуваа домовите на локалните жители, производството на крајот беше намалено. До 100 земјотреси предизвикани од дупчење се регистрирани во областа Гронинген од 1980-тите, со околу 160.000 барања за материјална штета поднесени до денес, наведува FT.
Минатата година, Холандија беше под притисок на властите на ЕУ да го зголеми производството на локацијата, кога падот на испораките од Русија доведе до зголемување на цените на гасот на континентот.
Иако Хаг ги отфрли овие повици, сепак ги одложи плановите за затворање на теренот. Неговото годишно производство е намалено на 2,8 милијарди кубни метри, бидејќи производството од повеќе од 5 милијарди кубни метри би го зголемило ризикот од земјотреси.
ФОТО: YouTube Print Screen