Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се запира бранот борци од Косово кои заминуваат во Сирија и Ирак

Се запира бранот борци од Косово кои заминуваат во Сирија и Ирак

Над 70 косовски граѓани се борат во рамки на „Исламска држава“, но бранот се запира.

Косовскиот министер за внатрешни работи, Скендер Хисени тврди дека за период од една година, немало ниеден случај на косовски граѓанин кој се приклучил кон групата „Исламска држава“ во Сирија и Ирак.

Тој вели дека Косово ги спречило радикализмот и екстремизмот, кои водат кон тероризам.

„Веќе една година нема ниеден евидентиран случај на заминување на граѓанин на Косово во странска војна. Но, институциите не треба да се раскомотат поради овој факт“- изјави Хисени.

Од 2012 година околу 300 Албанци од Косово се приклучија кон теористички организации во Сирија и Ирак. На боиштата во овие две земји убиени се педесетина. Според процените, таму сè уште има најмалку 70 државјани на Косово.

Во мај годинава косовски суд на имам му изрече казна затвор во траење од десет години, под обвинение за поттикнување, поделба и омраза меѓу различни религиозни групи во земјата. Заедно со имамот осудени беа уште шест лица, кои биле дел од иста група.

Во изминативе години за Косово се пишуваше дека е „бомба“ која отчукува поради радикалниот ислам. Се споменуваше дека покрај со сиромаштија и невработеност, граѓаните на оваа земја имаат и проблеми со радикализација.

Слично

Поврзани вести