ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЗАПАЛИ ТУРИСТИЧКИ БРОД ВО МАКАРСКА - две лица се повредени во пожарот

СЕ ЗАПАЛИ ТУРИСТИЧКИ БРОД ВО МАКАРСКА - две лица се повредени во пожарот

Две лица се повредени во пожар на туристички брод во Макарска, потврди сплитско-далматинската полиција. Пожарот избувнал во кујната околу 08:20 часот наутро. 

За среќа пожарот бил локализиран многу брзо. 

Во тек е увид на лице место.


Две лица побарале медицинска помош. Неофицијално, дознаваме дека на бродот имало туристи и дека членовите на екипажот, хрватски државјани, побарале медицинска помош.

Нашиот читател ни испрати видео од пожарот, на кое се гледа како противпожарно возило пристигнува за интервенција. На видеото се гледа и како се шири густ чад.

Фото: Принтскрин/Икс

ad
Слично

Поврзани вести