Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се запали хотел во Прага, меѓу гостите и македонски ученици

Се запали хотел во Прага, меѓу гостите и македонски ученици
Околу 70 гости на прашкиот хотел „Топ“ биле евакуирани ноќеска на полноќ, кога во хотелот избувнал пожар. Меѓу евакуираните биле и ученици од скопското средно училиште „Георги Димитров“, кои во Прага биле на екскурзија. Од македонската Амбасада во Прага информираат дека во пожарот нема повредени македонски граѓани, односно дека сите безбедно биле евакуирани од хотелот уште пред да дојдат пожарникарите. Огнот избувнал на петтиот кат од хотелот, во блокот Б, кога се запалил кревет во една од собите. Пожарот уништил теписони и ѕидови, а чадот се проширил и на шестиот кат од хотелот. На едно лице, вработен во хотелот, му била укажана лекарска помош поради вдишување чад. Македонските ученици ја продолжуваат екскурзијата пo предвидената програма и уште две вечери ќе спијат во истиот хотел.
Слично

Поврзани вести