Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се заоструваат правилата кон агенциите за кредитен рејтинг

Се заоструваат правилата кон агенциите за кредитен рејтинг
Земјите-членки на Европската унија се согласија на построги правила за агенциите за кредитен рејтинг. Во иднина тие ќе бидат одговорни за крупните погрешни одлуки и ќе треба да ги оправдуваат подобро своите одлуки. На ова се согласија претставниците на Европската комисија, Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ, беше објавено синоќа. Трите институции сега ги ревидираат веќе постоечките одредби. Така на пример, во иднина агенциите за рејтинг ќе даваат оценки на земјите од ЕУ само на претходно избраните датуми,  надвор од работното време и пред отворањето на берзите во Европа. Тоа треба да ги олесни нервозните реакции на пазарите. Агенциите треба да објават и според кои критериуми ги донеле своите одлуки, пренесува Ројтерс. За небрежност или неправилна проценка, рејтинг агенции ќе сносат одговорност. При проценката на некои сложени хартии од вредност, агенциите треба да се менуваат. Тоа треба да помогне да се спречи можноста, агенциите ориентирани кон профит, да ги надуваат проценките за да ги придобијат клиентите. Агенциите за кредитен рејтинг како Moody's, Fitch и Standard & Poor's ја оценуваат кредитната способност на компаниите или државите. Тие играат важна улога во финансиската криза - колку полошо тие ќе ја оценат состојбата на некоја држава, толку повисоки камати треба државата да им исплати на своите доверителите.
Слично

Поврзани вести