СЕ ЗАОСТРУВААТ ПРАВИЛАТА: Ако сакате да пренесете повеќе готовина преку граница на ЕУ имајте го на ум ова
Бројни измени стапуваат на сила од денеска во ЕУ. Се заоструваат правилата и се отежнува движењето на големи износи „неоткриена готовина“.
Согласно правилото за контрола на готовина , ако патувате или излегувате од територија на ЕУ ќе мора да пополните декларација за готовина кога со себе носите 10 илјади евра или повеќе во валута или еквивалентно во други валути, како и со други платежни средства, како што се патнички чекови или меници.
Овие нови правила стартуваат од денес а дел од напорите на ЕУ во борба против перењето пари и финансирањето тероризам, и би требало на надлежните органи да им ги обезбедат потребните информации за следење и решавање на активности кои може да укажат на финансиски криминал.
Слично
