Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЗАКАНУВААТ КАЗНИ ОД 500 ДО 2.000 ЕВРА - за сите трговци кои ќе дозволат гужви пред и во продавниците

СЕ ЗАКАНУВААТ КАЗНИ ОД 500 ДО 2.000 ЕВРА - за сите трговци кои ќе дозволат гужви пред и во продавниците

Со нова Уредба со законска сила изгласана на вчерашната седница, Владата наметнува дека трговците ќе мора да воспостават ред пред своите објекти, а во спротивно ќе плаќаат глоби од 500 до 2.000 евра.

„Сите трговци од денеска се должни да обезбедат редарска служба при влезот во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум потребното растојание меѓу граѓаните пред и во објектит, како и да обезбедат спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот. Трговецот е должен да постави и соодветни ознаки со кои се одбележува правецот на движење, како и запазување на минимум потребното растојание од минимум два метри, при чекање ред на лицата пед и во објектот, и тоа и пред влезот на објектот, и пред секоја каса за наплата“, изјави на денешната прес конференција министерот за трговија Крешник Бектеши.

Доколку не се почитуваат одредбите од оваа Уредба, ќе следуваат и глоби. 

За малите и микро трговци кои нема да воспостават ред и дисциплина пред нивните објекти е предвидена глоба од 500 до 1.000 евра. Додека, за средните трговци кои нема да ги почитуваат овие правила, предвидена е глоба од 1.000 до 2.000 евра. 

Државниот пазарен инспекторат ќе врши засилен инспекциски надзор. 

„Апелирам до сите граѓани и трговци да се придружуваат до мерките и насоките на Владата“, рече Бектеши. 

Тој го повтори и бесплатниот телефонски број на Инспекторатот, 191, каде сите граѓани кои ќе забележат гужви и редици пред објекти, можат веднаш да пријавуваат. 

Ова се всушност нови мерки усвоени од Владата на предлог на Министерството за економија.

„Откако беше прогласена вонредна состпјба МЕ внимателно ја следи состојба и предлага до Владата уредни со законска сила, од една страна за заштота на здравјето на граѓаните, а од друга страна олеснување за работа на компаниите во оваа кризна состојба“, рече Бектеши.

Слично

Поврзани вести