Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се заканува дестабилизација на банките! Детална прогноза на ММФ за најмоќните! Како ќе се движи инфлацијата на најмоќните!

Се заканува дестабилизација на банките! Детална прогноза на ММФ за најмоќните! Како ќе се движи инфлацијата на најмоќните!

 Во најновиот извештај на ММФ со прогнозите за светската економија се намалуваат изгледите за глобален раст.

Извештајот предвидува раст на глобалниот БДП од 2,8 проценти за тековната година, додека проекциите за 2024 година се дека тој ќе биде 3%. Ова секако претставува забавување од минатогодишниот раст од 3,4 отсто, а причините се должат на построгите мерки на монетарната политика.

Во јануари прогнозата за глобалната инфлација беше 6,6 отсто, додека сега ММФ предвидува глобална инфлација од седум отсто оваа година, што е пад од 8,7 отсто лани.

Федералните резерви и централните банкивисоката стапка на инфлација најверојатно ќе предизвика тие да продолжат да ги зголемуваат каматните стапки во борбата против растот на цените. Се очекува тоа да резултира со слабеење на економскиот раст и потенцијална дестабилизација на банките, се наведува во Извештајот.

Пјер-Оливие Гуриншас, водечки економист на ММФ, советува дека монетарната политика останува фокусирана на намалување на инфлацијата . Тој рече дека поради ризикот од финансиска нестабилност, централните банки не треба да престанат да се борат со инфлацијата.

ММФ предвидува 25 отсто веројатност дека глобалниот раст ќе падне под два отсто оваа година. Прогнозите на ММФ за САД се малку подобрени, со прогноза за раст во 2023 година од 1,6 отсто, што е повеќе од 1,4 отсто предвидено во јануари.

За Германија, пак, во тековната година се предвидува намалување од 0,1 отсто, додека за Јапонија прогнозите се потенцијален раст од 1,3 отсто годинава, наместо 1,8 отсто предвидени во јануари.

Слично

Поврзани вести