СЕ ЗА ТУРИСТИ: Црна Гора отвора туристички амбуланти за летната сезона
На подрачјето на Бока Которска во текот на летната сезона ќе бидат отворени туристички амбуланти кои, со постоечките здравствени станици, ќе обезбедат ефикасна и квалитетна здравствена заштита.
Туристички амбуланти ќе бидат отворени на подрачјето на општина Тиват, Котор и Херцег Нови.
Министерот за здравје Будимир Шергет истакнал дека Владата и ресорното Министерство планираат да, како што го нарекол делот на квалитетна туристичка понуда да биде поддршка за развој на елитниот туризам во Црна Гора.
Од тоа министерство наведуваат дека здравствената инфраструктура е важен дел од туристичката понуда и дека нејзино унапредување е од огромно значење за развој на приморските општини како туристичка дестинација.
Претседателите на трите приморски општини Тиват, Котор и Херцег Нови, искажале подготвеност за помош со цел подобрување на квалитетот на здравствена заштита, која е показател на сериозноста и успешноста на работата на локалната управа.
