Се за Србија: владините министри подготвени дури и за намалување на платата?
Најголемиот дел од српските министри тврдат дека се подготвени да се откажат од дел од својата плата за да се намали дупката во државната каса. Според пресметките, ако се намалат платите како на министрите, така и на останатите колу 24.000 фунционери во Србија ќе се заштедат 32 милиони евра годишно.
Ваков предлог даде потпретседателот Јован Кркобабиќ, кој освен што заработува 101.000 динари, прима и пензија од 72.000 динари. Премиерот Ивица Дачиќ на пример, има приходи од 172.488 динари, а министерот за финансии Млаѓан Динкиќ 107.397.
„Подготвен сум за намалување на платите, но тоа ќе биде само мала помош која не би го решила проблемот“, изјави Динкиќ за српските медиуми.
Слично
