СЕ ВРЗУВА КРАЈ СО КРАЈ: До кога ќе не „јаде“ сиромаштијата ?!
Поразителна статистика од државниот завод, сиромаштијата земав се поголем замав а минатата година стапката на сиромашни во државата броела безмалку 460 илјади граѓани или 22,2 отсто.
Податоците кои ги објави статистика покажуваат дека стапката на сиромаштија пораснала споредбено со 2017-та кога била 445 илјади сиромашни граѓани или 21,9 отсто.
„Тешко се живее. Едвај преживуваме со минимални плати“.
Вака некако звучат граѓаните од крајниот исток каде текстилците се уште едвај ги прехрануваат семејствата.
-12 до 15 илјади денари месечно не се доволни за да се протурка месецот ако сте самохран родител. Едно влегување во продавница носи автоматски 1000 денари а каде се сметките што треба да се платат. Тешко се преживува навистина“, вели делчевчанка.
Ако се анализира по домаќинства, стапката која ја сочинуваат двајца возрасни до две деца во 2017 е 20 отсто. 7,7 отсто пак е стапката на сиромашни пензионери.
Што прават надлежните за намалување на сиромаштијата?
Три пати поголема социјална помош, како гарантиран минимален приход, за најголем дел од семејствата во социјален ризик.
Преквалификација и доквалификација на работоспособните приматели со цел да можат да се вратат на пазарот на труд и да излезат од сиромаштија, како и олеснување на пристапот до детски додаток, предвидува реформата на социјалниот систем што треба да почне да се применува од 1 јануари наредната година.
Државниот завод за статистика, денеска ги објави податоците од Лаекен анкетата според кои стапката на сиромашни лица во Република Македонија во 2017 година изнесувала 22,2 %, а како основа за пресметките на сиромаштијата се користени приходите од 2016 година.
