Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ВРТАТ КОН ДРУГИ ДОБАВУВАЧИ НА ГАС: Дали Србија се оддалечува од Русија?

СЕ ВРТАТ КОН ДРУГИ ДОБАВУВАЧИ НА ГАС: Дали Србија се оддалечува од Русија?

Србија сѐ повеќе економски се оддалечува од Русија, што најдобро се гледа на енергетското поле, бидејќи Белград се свртува кон други добавувачи на гас.

Договорот за стратешко партнерство во областа на енергетиката меѓу Србија и САД може да се толкува како отстапување од Москва, што е добар економски и геополитички потег на властите во Србија, велат соговорниците на весникот „Данас“, коментирајќи го склучувањето на овој договор кој во Америка ќе го потпишат министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ и потсекретарот на САД за економски раст, енергија и животна средина Хозе Фернандес.
Договорот меѓу САД и Србија за стратешка соработка во областа на енергетиката, кој вчера беше потпишан во Вашингтон, е првиот договор за стратешка соработка меѓу Србија и Америка. Американскиот помошник државен секретар за енергетика Џефри Пјат за за Гласот на Америка (ВОА) изјави дека тоа е „исклучително важен чекор за продлабочување на соработката меѓу двете влади, но и за поттикнување на соработката на приватниот сектор на двете земји“, јави дописникот на МИА од Белград.

Може да се претпостави дека економското оддалечување на Белград од Москва е последица на политичката одлука на државниот врв, кој во последните месеци прави потези за кои многумина тврдат дека се показател дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, „премина на страната на Западот“.

На пример, купувањето на француските авиони „рафал“ и најавената соработка во областа на нуклеарните централи, заедно со доаѓањето на францускиот претседател во Белград.

Или потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу ЕУ и Србија за стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири за производство на батерии и електрични возила во присуство на германскиот канцелар во главниот град на Србија.

Нејасниот одговор на Вучиќ на поканата на Путин да присуствува на самитот на БРИКС во Казан покажува дека отфрлањето на прегратката на претседателот на Русија, Владимир Путин, не е лесно за Вучиќ. Иако на почетокот се чинеше дека го одбил, наведувајќи бројни обврски и гости, Вучиќ конечната одлука ќе ја објави во средината на октомври.

Foto: Beta/AP/Lefteris Pitarakis

Слично

Поврзани вести