Се врши ли притисок врз администрацијата за излез на контрапротестите?!
Жалби од вработени во администрацијата кои добивале наредба за задолжително присуство на вечерашниот контрапротест кој ќе се одржува во Скопје пристигаат од сите градови.
кои добивале наредба за задолжително присуство на вечерашниот контрапротест
Како што објавија повеќе медиуми до сите дополнително се испраќаат СМС пораки во кои се наведува дека присуството е задолжително и дека се работи за како што се вели „најзначајниот митинг на нашата партијата“.
„Политички притисоци врз администрацијата за присуство на контрапротестите“ вечерва ќе биде тема на емисијата „Економски магазин“ на Алсат-М во 22:30 часот каде ќе гостува Александар Кирацовски дополнителен заменик министер за информатичко општество и админситрација, Министерката Марта А.Томовска поради обврски одби да биде дел од емисијата.
Ставови има и од Темелко Ристовски - универзитетски професор, Дарко Алексов - МОСТ и Александар Пандов - ГДОМ.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/dJY28can-wk[/embed]