Се вратил да живее во помал град, да заработува помалку, но да има мирен живот
Фризер од БиХ се одлучил да живее во помал град по цена да заработува помалку, но да има повеќе слободно време за семејството, и да живее мирен живот.
Ахмет Устиќ веќе седум години работи во Сребреница, и вели дека има муштерии од сите националности и сите се задоволни.

Живеел претходно во Тузла и Сараево, но се вратил во родниот град.
Вели дека е задоволен затоа што има доволно слободно време, живее мирен живот, иако заработува помалку од претходно.
„Луѓето во другите градови повеќе заработуваат, но малку им остануваат пари за да уживаат. Направив компромис и се вратив во Сребреница. Малку заработувам, но повеќе пари остануваат за уживање. Денес времето е најскапа валута, а овде имам повеќе време за семејството“ - вели фризерот.
Устиќ објаснува дека има слободно време кое го исполнува со креативни работи и не се жали дека во Сребреница е здодевно.
