Се врати ли скопски Бетон по крахот во првиот квартал?
Градежната компанија Бетон АД СКОПЈЕ и во полугодишниот финансиски извештај бележи пад на вкупните приходи како состојба која продолжува од првиот квартал годинава и резултатите се послаби во однос на 2016. Ова доаѓа по речиси катастрофалниот прв квартал од 2017 каде имаше тотален пад на приходите за што тогаш имавме посебна анализа. Во првите шест месеци од годинава оперативните приходи на Бетон АД Скопје се опаднати за околу 20% во споредба со истиот период лани и стигнале само до 13,6 милиони евра. Бетон нема приходи од продажба во странство.

Залихите на готовите производи и на недовршеното производство на почетокот на годината 4,2 милиони евра или за речиси три пати со помала вредност во споредба со ланските први шест месеци.
Високите расходи на скопски Бетон повторно се главна причина за непрофитабилното работење, а тука уште еднаш се издвојуваат високите трошоци за вработените кои дури во споредба со првото полугодие од 2016 се имаат и зголемено за неколку проценти, па така вкупно се потрошени 3,8 милиони евра во првите шест месеци од годинава.
За суровини и материјали биле вложени 2,6 милиони евра или за 15% помалку од лани, а пад има и кај услугите со карактер на материјални трошоци од 6,5 милиони евра лани на само 5 милиони евра во првото полугодие од 2017 што укажува дека оперативните активности на Бетон АД Скопје се доста намалени.
Ако се спореди според квартали сепак, вториот квартал од годинава дава подобри резултати за АД Бетон на страната на приходите па можеби тоа е знак дека ќе има придвижување на активностите.
АД Бетон и во состојба на драстично намалени приходи успева да реализира минимална добивка од 533 илјади евра која е за околу 15% пониска од истиот период лани. Резултатите се од консолидираниот финансиски извештај на ДГ Бетон АД Скопје со тоа што поголемиот дел од приходите се резултат на главната дејност на компанијата.
Автор: Христијан Станоевиќ
