СЕ ВРАЌАЛЕ ОД ЗАБАВА И ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ - Незапамтена трагедија кај Чачак, загинаа четири млади момчиња од по 18 и 19 години
Неколку часа по полноќ на локалниот пат од Чачак кон село Јанчиќи се случила страшна сообраќајна несреќа во која според првите информации од терен животот го загубиле четворица млади момчиња.
„Веројатно се враќале од забава и возачот изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот. Сите загинале. Ова е вистинска трагедија, ова се млади кои само што станале полнолетни. Сите тие имаа 18 или 19 години“, изјави за РИНА.еден од жителите на селото Јанчиќи кој утрово се нашол во близина на местото каде што слетале младите.
Понатамошна истрага ќе ја знае точната причина за оваа сообраќајна несреќа.
Слично
