Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се враќа старото законско решение за вадење на ЗЕЛЕН КАРТОН?

Се враќа старото законско решение за вадење на ЗЕЛЕН КАРТОН?
Дали ќе се остварат најавите за намалување на сумата што граѓаните ја плаќаат за Зелен Картон. Сега возачите плаќаат 60 односно 90 евра (во зависност од силината на моторот) за зелен картон во важност од една година, или пак до завршување на регистрацијата. Идејата сега е зелен картон да може да се вади и со покус рок на траење. Со еден, три месеци, или шест месеци како што беше и порано. Информациите на Фактор (ТУКА) се дека во Владата веќе се разговарало за ова прашање, но допрва ќе треба да се одлучува, откако ќе бидат направени потребните анализи. Во последно време граѓаните се почесто негодуваа поради висината на цената на зелениот картон, бидејќи и оној што само еднаш во годината патува и оној што патува повеќе пати плаќаа исто.  
Слично

Поврзани вести