Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се враќа надежта-можен договор за нафтата

Се враќа надежта-можен договор за нафтата

Цените на нафтата го продолжија успонот во азиското тргување и покрај зголемувањето на американските залихи.

Трговците се надеваат дека разговорите помеѓу главните произведувачи на „црното злато“ може да резултираат со ограничување на производството.

Според податоците на американската администрација за енергетика, производството на нафта во САД паднало на нешто повеќе од девет милиони барели дневно во неделата до 26 февруари, иако залихите пораснале за очекуваните 10,4 милиони барели.

„Американската „лесна“ нафта WTI за априлските испораки поскапела 13 центи на 34,79 долари за барел, додека цената на нафтата од типот „брент“ за мајски испораки поскапела седум центи на 37,00 долари.

Инвестициониот аналитичар од компанијата „Филип фјучерс“ , Даниел Анг, изјавил дека падот на американското пеоизводство на нафта внело одредена доза на оптимизам на пазарот.

„Судејќи по ова намалување, би можеле лесно да видиме уште поголеми кратења на произвдоството до крајот на годината, дури и за 500 000 барели дневно“, оценува тој.

Плановите на големите произведувачи на нафта, вклучувајќи ја и Русија и членките на ОПЕК , предводени од Саудиска Арабија, за ограничувањето на производството, исто така пружаат одредена поддршка на цените во последните две недели.

Цените на овој енергент кои во јануари паднале близу 13 годишниот минимум на под 30 долари за барел, погодени од хиперпродукцијата и преголемата понуда, постојано се опоравуваат од скоро, бидејќи трговците се охрабрени од фактот дека се во тек разговори за стабилизација на пазарот.

Аналитичарите меѓутоа, се сомневаат дека преговорите ќе имаат краткорочно големо влијание на цените на сировата нафта, кои паднале за околу 70 одсто од средината на 2014 година.

Слично

Поврзани вести