Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се воведува нов данок на имот во Грција

Се воведува нов данок на имот во Грција

Од втората половина на 2013 година, грчките граѓени ќе бидат приморани да плаќаат нов данок на имот. Како што пишуваат тамошните весници, данокот ќе погоди околу пет милиони домаќинства, компании и претпријатија и ќе го замени вонредниот специјален данок, што Грците го плаќаат заедно со сметките за електрична енергија.

Стапките на новиот данок ќе бидат од 0,1 до 2 проценти. Предвиден е и минимум за имот што не подлежи на оданочување. Неговата висина не е одредена, но се очекува да изнесува до 50 илјади евра.

Според весникот „Етнос“, властите се надеваат дека од новиот данок во државната каса да влезат приходи во висина од околу 3 милијарди евра.

Слично

Поврзани вести