Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се воведува нов царински систем за побрз проток на стоки кон ЕУ

Се воведува нов царински систем за побрз проток на стоки кон ЕУ
Со цел да се поедностави и поевтини постапка за компаниите, од 1. јануари царината воспоставува нов компјутеризиран транзитен систем. Од први март март пак идната година сите компании задолжително ќе мора да го користат новиот систем кој треба да овозможи стоките помеѓу сите земји членки на ЕУ да се движат со користење на една декларација и една гаранција. Според директорот на Царинската управа на Република Македонија Ванчо Каргов, наскоро ќе биде покрената иницијатива за да станат член на Конвенцијата за заеднички транзит.  Системот е подготвен, вели тој. „Тука нема никакви лажења и шминка и сметаме дека со ова се е исполнето да добиеме статус членка на Конвенцијата“, истакна денеска Каргов. Системот за сега го користат 32 земји, а поврзува 2300 царински испостави низ Европа . Каргов објаснува и дека на овој начин економските оператори ќе имаат поголема сигурност и побрз транспорт, а македонските производи без застој ќе транзитираат низ Европа. Само во Македонија годишно се извршуваат околу 400 илјади транзитни операции, од кои половина  започнуваат и завршуваат на граничните премини со земја од ЕУ. Со новиот ситем Македонија треба да  стане дел од царинскиот систем на Унијата.
Слично

Поврзани вести