Се воведува лимит на буџетските трошења
Се воведува лимит на висината на буџетските трошења. Ова е предвидено во новата фискална стратегија на Министeрството за финансии. Мерката треба да повлече и намалување на буџетскиот дефицит, а контролираните трошења треба да обезбедат и надолно движење на јавниот долг.
На предлог на Министерството за финансии, Владата денеска ја усвоила Фискална стратегија на Република Северна Македонија за 2020-2022, како стратешки документ кој се усвојува за период од три години и ги содржи среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.
Се очекува нагорна ревизија на проекцијата за економски раст во 2019 година на 3,5 проценти. Трендот на растот на БДП се очекува и во 2020 година и се позиционира на 4,2 отсто, за во наредните две години да продолжи со посилен интензитет, односно да достигне 5 проценти.
