Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се води истрага како се затруа работниците на Леар

Се води истрага како се затруа работниците на Леар

Основното јавно обвинителство го истражува последното труење во фабриката Леар лоцирана во слободната индустриска зона во Тетово, но истовремено работи и на расветлување на труењето од април годинава, кога на работните побвршини во кујната, но и на рацете на готвачите беше откриена бактерија стафилокока.  

Исто така инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство треба да откријат дали има недоследности во кујната на операторот со храна од каде што тетовската фабрика Леар го набавила кетерингот, по саботното труење на 25 работници.

Земени се мостри од работните површини во кујната, како и брисеви од вработените кои ја подготввале храната. 

„Инспекциските тимови на Агенцијата на храна и ветеринарство вршат контроли кај опвој оператор со храна. Ги чекаме резултатите од земените брисеви и мострите од површините. Резултатите од испитувањето на последното труење ги очекуваме утре“ - вели Велика Атанасова, портпарол на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во неделата инспектори од АХВ и санитарната инспекција направија контролира на фабричката менза. Од Агенцијата соопштија дека на терен не се пронајдени неправилности.

Храната што ја јаделе работниците била исправна, соодветно дистрибуирана, чувана и послужена, во оригиналното пакување и со адекватен рок на употреба, а мензата ги исполнува соодветните хигиенски услови.

Во саботата на затруените работници им бил послужен оброк со салама и паштета, а пред четири месеци, макарони со мелено месо.

Извор: ТВ 24

Слично

Поврзани вести