Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се влеваат инвестиции, вработеноста расте – а БДП паѓа?!

Се влеваат инвестиции, вработеноста расте – а БДП паѓа?!
Разочаруваат последните податоци за ланскиот раст на БДП, кои  покажуваат дека не само што не се зголемил, туку има пад за 0,4 отсто, изјави денеска Марјанчо Николовски од СДСМ. Спореде него, ова е знак дека политиките на Владата, и во делот на економијата и во делот на јавните финансии, и трошењето на парите на граѓаните сите овие години даваат лоши и разочарувачки резултати . „Со тоа повторно, по којзнае кој пат, паднаа во вода прогнозите на Владата дека во 2012 година македонската економија ќе расте, прво според буџетот по 4,5 отсто, а потоа со ребалансот Владата предвидуваше 2, 5 отсто пораст на БДП.“ рече Николовски и додаде дека минатите седум години, од 2006 до 2012 година, просечниот раст на БДП, од времето кога ВМРО – ДПМНЕ ја презеде власта и ја води македонската држава, изнесува ниски 2,2 отсто, додека за 7 години оваа влада потроши 7 милијарди евра повеќе од сите претходни. „Со ваквиот раст на БДП, Република Македонија, за жал, останува последна земја и по животниот стандард во Европа и во регионот, и по висината на личните доходи, и по висината на пензиите, и она што е најлошо, останува последна и според перцепцијата на граѓаните, за тоа колку се среќни од својот живот во Република Македонија“ рече пратеникот и побара Владата да одговори зошто „незаконски и надвор од процедура ги зголеми буџетските дефицити за 2012 година“. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека според последните податоци на НБРМ има раст на странските директни инвестиции од 44 проценти, а невработеноста е сведена на најниско ниво досега од 28,9 проценти. Кога СДСМ коментира статистички податоци зошто не ги коментира и овие? А уште полошо ќе поминат ако направат споредба со резултатите од нивно време, што не вреди веќе ни да се спомнуваат“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ. Инаку според Државниот завод за статистика, бруто домашниот производ, минатата година во земјава изнесувал 7, 454 милиони евра, што е пад од 0,4 отсто во однос на 2011 година. Гледано по глава на жител БДП лани изнесувал 3 616 евра, и има благо намалување во однос на 2011 година, кога БДП по глава на жител изнесувал 3 630 евра. Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2012 година имаат трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, стои во извештајот на Државниот завод за статистика. Минатата година вкупната економија заврши во негатива од 0,4 отсто. Претходно негативни резултати имаше во 2009 година кога БДП на крајот на годината заврши со -0,9%, и конфликната 2001 година кога БДП падна за -4,5%.
Слично

Поврзани вести