Се вивна вредноста на доларот - што е со еврото?
Се зголеми вредноста на доларот.
Инвеститорите ја намалија продажбата на оваа валута пред состаноот на Федералните резерви и во исчекување на завршување на политичката дебата во Конгресот на САД за следниот пакет фискални мерки за поддршка на економијата.
Доларскиот индекс денеска порасна за 93,492 поени на 93,918. Но, индексот има загуба од 3,6 проценти во јули и ако во следните денови не оствари значителен пораст тоа ќе биде најлош месечен резултат во изминатите 10 години.
Фунтата се спушти на четиримесечниот максимум на 1,2850 долари, а вредноста на јапонскиот јен се намали за 0,3 поени и се стабилизира на 105,65 долари, што е незначително под неговото највисоко ниво забележано во март.
Еврото е на ниво од 1,725 долари, и тоа е за 0,2 проценти помалку во однос на претходниот ден.
На 22 месецов доларот порасна во однос на еврото.Ден подоцна се намали цената на доларот, а скокна на нафтата.
