Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ УРНА ПОЖАРНИКАРСКИ ХEЛИКОПТЕР ВО ТУРЦИЈА, двајца загинати, петмина повредени

СЕ УРНА ПОЖАРНИКАРСКИ ХEЛИКОПТЕР ВО ТУРЦИЈА, двајца загинати, петмина повредени

Две лица загинаа, а петмина се повредени по уривањето на пожарникарски хеликоптер кој летал кон турското летувалиште Мармарис, каде гори шума.

Во хеликоптерот имало двајца Руси и петмина турски државјани. Турското Министерство за внатрешни работи не го соопшти идентитетот на загинатите.

Сè уште не е позната причината за несреќата.

Во гаснење на шумскиот пожар во близина на Мармарис, за што се претпоставува дека е подметнат, вклучени се 15 хеликоптери и осум авиони, 500 пожарникари со 40 камиони-цистерни и полициски водени топови.


Фото: Принскирн/Твитер

Слично

Поврзани вести