Се урна хрватски MIG-21
Авион на хрватското воено воздухопловство MIG-21 се урнал за време на планирана обука во областа Слатина во вировитско-подравинската жупанија, соопшти Министерството за одбрана на таа земја.
Како што додаваат од хрватското Министерство, авионот се урнал нешто пред 14 часот.
Се наведува дека се преземени сите мерки и дејствија за пронаоѓање и спасување на екипажот.
Министерството за одбрана на Хрватска, како што вели, навремено ќе ја информира јавноста за деталите.
Се работи за авион со две седишта.
ФОТО: Илустрација/ Screenshot Youtube
Слично
