Се урна хеликоптер северно од Атина
Цивилен хеликоптер се урна северно од Атина, при што загинаa две лица.
Во леталото имало вкупно три лица.
Пожарникарите кои интервенирале на местото на несреќата, близу Маратон, на 40 километри северно од Атина, велат дека по падот на хеликоптерот во мочуришното подрачје, едно од лицата излегло од урнатиот хеликоптер. Другите двајца биле пронајдени во леталото во несвесна состојба и подоцна се прогласени за мртви од екипите на Брзата помош.
Причините за падот се непознати. Хеликоптерот е најмен од локалните власти.
Слично
