СЕ УРНА ХЕЛИКОПТЕР НА НЕПРИСТАПНО МЕСТО: Има ли загинати?
Во местото Равница, во Општина Братунац, во БиХ денеска во 12.30 часот се урна хеликоптер. Тој се урнал во место кое не е пристапно, пишуваат тамошните медиуми.
Од Министерството за внатрешни работи на Република Српска потврдија дека добиле дојава за уривање на хеликоптер и дека ја проверуваат информацијата.
„Дневни аваз“ пишува дека се шпекулира дека станува збор за цивилен хеликоптер кој паднал на минираното подрачје во Конјевич-Поле.
На лице место упатени се припадници на полицијата, итната помош и пожарникари.
Не е познато ни колку лица имало во хеликоптерот.
Слично
